Saturday, January 3, 2009

Najnoviot extremen sport !!

Откачениот Холанѓанец Еди Дамс го измисли најновиот екстремен спорт . Идејата мора да се признае дека е оригинална иако може да се каже дека веројатно материјалната корист била пресудна да се реши на ваков драстичен чекор да ја стави во погон својата луда замисла и да заработи добри пари. За што станува збор - неговиот нов спорт е всушност погребување , се разбира без моментот на смрт . Неговата компанија, по цена од 75 евра, ќе го смести „спортистот“ во ковчег и ќе го закопа на 1,5 метри длабочина - под бетонски блок тежок 3,5 тони. Во ковчегот има боца кислород , прекинувач-сигнализер за случај на страв и мала камера, со чија помош семејството и пријателите можат да го гледаат „покојникот“. Доколку човекот во ковчегот почувствува напад на паника , може да го притисне сигнализерот по што бетонскиот блок се поместува вели Еди. Тој „ погребите “ ги изведува во својот двор , а со поширока комерцијална работа планира да почне ова лето. Според него ова ќе стане најнов хит после банџи скоковите.

No comments:

Post a Comment