Friday, January 9, 2009

Спортски цитати за 2008

Да видиме што излезе од устите на познатите спортски лица низ светот во минатата година. Што комично, што трагично...вреди да се прочита.

"Сега барем знаете дека секогаш ги следам судиските одлуки."
Рој Кин, по добивањето дисциплинска казна од страна на челните лица во Премиер Лигата.

"Излегов на прошетка пред натпреварот со Ливерпул. Додека шетав, од некаде, птица го исфрли изметот на моето рамо. Луѓето велат дека тоа е добар предзнак. Знајте дека навистина е!"
Сајмон Дејви, менаџер на Барнли, откако неговата екипа го исфрли Ливерпул од ФА купот.

"Одам во земја каде што ме обожаваат!"
Диего Армандо Марадона, откако се "вработи" во Шкотска.

"Многу сум возбуден во врска со иднината на мојот тим.... и не знам дали овој збор воопшто постои но, тие се однесуваат многу "играчки"!"
Aрсен Венгер, менаџерот на Арсенал, кој од преголема радост од играта на неговиот тим против Манчестер Јунајтед, дури почна да измислува и нови зборови.

"Имам повеќе казнени поени на мојата возачка дозвола."
Пол Џуел, менаџерот на Дерби, опишувајќи ја метафорично моменталната бодовна состојба на својот тим.

"Го замоливме четвртиот судија да му пренесе на главниот судија да ја запре играта за момент и да ги расчисти балоните од теренот. Или пак да ги дупне."
Свен Горан Ериксон, менаџер на Манчестер Сити кој јавно ја искажа својата садистичка природа.

"Единствениот начин на кој би можеле да најдеме излез во Европа е со траект."
Кевин Киген, менаџер на Њукасл Јунајтед.

"Кога отидов во пералната за време на ЛОИ, го видов Рафаел Надал како ги става шарените и белите алишта во едно исто перење. Сакав да му кажам, човеку, ќе си направиш беља. Но џабе, што можев да направам?"
Џејми Стаф, британски велосипедист, кој ни откри дека Надал ќе мора да се поднови со нова бела облека за наредниот Вимблдон.

"Астон Вила? Од кое предградие на Рим е тој тим?"
Aктерот Том Хенкс, откако предтоа изјави дека е страствен навивач на Астон Вила уште од детството. Воочуваме.

"Се пресмав. Му реков: "Тато, како си можел да ја удриш колата со 30 милји на час?"
Луис Хамилтон, возач во Ф1, давајќи изјава откако неговиот татко го нагмечи Поршето во ѕид.

"Тоа беше несреќа."
Повторно Луис Хамилтон. Но овојпат, не смеејќи се на неговиот судар со едвај 30 милји на час со Кими Раиконен на канадското Гран При.

"Каде е Тимо? Сакам да го бакнам!"
Антони Хамилтон, таткото на Луис, откако Тимо Глок се откажа во последниот круг на ГП на Бразил, со што Луис ја освои шампионската титула.

"Требаше да го удрам посилно!"
Eрик Кантона, ѕвезда на Манчестер Јунајтед во пензија, проговорувајќи за познатиот кунг фу зафат од пред многу години, при што повреди еден навивач од противничката екипа.

"Се чувствувам како комарец на нудистичка плажа. Едноставно не знам од каде попрво да почнам."
Пет Рајли, тренер на Мајами Хит, по 13-от пораз по ред кој го доживеа неговата игра.

No comments:

Post a Comment